Прв кикс и веднаш отказ: Бранко Тамше не е повеќе тренер на Нексе!

Раководството на хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице, утринава донесе одлука да ја прекине соработката со тренерот Бранко Тамше.

Отказот доаѓа по сензационалниот пораз на Нексе од тимот на Сесвете до 38-33 во првото коло од хрватскиот плеј-оф.

Иако во вторник Нексе го очекува важен натпревар од  Лигата на Европа против словенечкиот Горење, сепак раководството на клубот се реши за промена.

Оваа сезона во Нексе пристигнаа Марко Безјак, Гал Маргуч, Анте Гаџа, Ловро Јотиќ, Ади Коен….но очигледно ниту тоа не е доволно за тимот да се „прошета“ на натпреварите од плеј-офот.

Тамше го презема Нексе во 2021 година и под негово водство клубот ги оствари најдобрите резултати во историјата.