Битолчанецот Стефан Талевски, по настапите во Македонија, за првпат во кариерата ќе настапува на меѓународна сцена.
Талевски, ќе биде дел од „македонскиот“ тим Цвикау од Германија, каде што настапуваа многу ракометари од Македонија, а и во новата сезона тој ќе има македонско друштво.
Средниот бек, кој може да одговори на барањата и како лево крило и лев бек, досега настапуваше само за битолските клубови.
Најпрво во тимот на Битола, потоа за ХЈС Работник, па Еурофарм Пелистер, а минатата сезона беше во „двојката“.
Талевски ќе игра заедно со Дарио Петровски и со Реваз Чантурија, а претходно во Цвикау играа и Пеце Ѓорѓиески, Ангелче Органџиев и Борјан Маџовски.