Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација на последниот состанок донесе неколку одлуки за европските купови за следната сезона, 2024/25.
Системот на натпреварување во сите купови останува ист, но ќе има неколку промени во пропозициите.
Во машката Лига на Европа е ограничен максималниот број на екипи што може да дојдат од една држава на четири.
Исто така се менува и квалификацискиот пат на оние екипи од држави што немаат рејтинг да се пријават во ЛЕ.
Лани Војводина, Извиѓач и Ловќен добија директно место во групната фаза, но од следната сезона таквите екипи што бараат апгрејд од Европскиот Куп, ќе мора да играат квалификации.
Во сезоната што заврши на крајот на мај, 27 екипи од 32 добија директно место во групите, додека уште десет се бореа за останатите пет места во групната фаза.