Пролет се одјави со триумф

Ракометарите на Пролет со подмладен ростер успеаја да го совладаат Радовиш со 30-28 во неважен натпревар и со победа да ја завршат сезоната како лидери на плеј-аутот.

Домашниот тим водеше од стартот до крајот на натпревар, а само еднаш беше нерешено во првиот дел, 6-6.

Гостите од претходно го имаа обезбедено опстанокот, домаќините исто така беа сигурни лидери, па шанса за настапи добија оние со помала минутажа.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Виктор Додевски и Александар Василевски со по шест погодоци, додека кај Радовиш се истакна Филип Трајанов со седум погодоци.