Пролет веројатно се збогуваше со надежите дека може да остане во игра за плејофот откако одигра реми, 25-25 на гостувањето во Велес кај екипата на Бисинов. Зоран Стојановски го постигна израмнувачкиот гол за домашните со кој се израмнија со екипите на Струга и на Куманово, на делба на претпоследното место.
На Пролет му требаше победа за да остане со калкулациите за освојување на петтото или шестото место на табелата. Сега заостанува два бода во однос на Тиквеш и на Бутел.
Ремито во Велес веројатно е најправедниот исход бидејќи двата тима имаа свои минути. Гостите во самата завршница има апредност од 23-20, но дозволија целосен пресврт за Бисинов да поведе со 24-23.
Кај домашните најпрецизен беше Ивица Илиев со 8 гола, а Тоше Ончев дадеседум гола. Во екипата на Пролет, двоцифрен број голови постигна Тунижанецот Бакар, 12.
ТАБЕЛА