Силјан Мицевски, Благоја Стефановски, Иван Марковски и Александар Зарков беа иницијатори за реактивирање на РК Работник, а неколку години подоцна Зоран Стерјев беше идеолог и визионер со платформата за ракометна Битола.
Можевте ли да помислите дека сите овие иницијативи ќе донесат ваков резултат во иднина?
„Кога влеговме во оваа работа имавме јасна насока, цел и визија каде треба да одиме. До целите се доаѓа само со истрајна, чесна и макотрпна работа, подготвени тоа да го направиме и во ракометот и да стигнеме до онаму каде што сме денес. Ако во првите неколку години од целокупниот овој проект немаше предзнаци дека се движиме на вистинскиот пат кон целта ќе бевме веќе надвор од приказната и ќе признаевме дека не можеме да ги исполниме зацртаните цели и ќе оставевме место и простор за некој друг да го постигне. Секогаш имаше надеж дека ракометот ќе го врати престолот.“
Интервјуто со Зоран Стерјев за 24Ракомет може да го прочитате во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ЗОРАН СТЕРЈЕВ: Ракометот е традиција која се негува!