Проблеми за неготинци – се повреди Грујовски

Средниот бек на Вардар Неготино, Велимир Грујовски, ќе мора на пауза од ракометните терени во следниот период.

Tој заработи повреда на десната нога на натпреварот против неговиот поранешен клуб Скопје минатиот викенд.

Станува збор за напукната коска на потколеницата, па овој проблеми ќе мора да се реши со мирување.

Тренерот Игор Котевски на располагање на бековските позиции ги има Орешков, Кузманов, Бугариновиќ, па ќе може да комбинира за да се надополни отсуството на Грујовски.

Неготинци играат одлично во суперлигашкиот плеј-аут и забележаа три победи на четири натпревари, па се наоѓаат на третото место со девет бодови, а викендов го пречекуваат Голден Арт.