Пред стартот на мечот меѓу Македонија и Полска во салата „Боро Чурлевски“ имаше свечен момент.
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, му врачи плакета за придонес во женскиот ракомет на битолчанецот Јован Василев.
Василев е поранешен судија и делегат, кој има оставено длабока трага во битолскиот ракомет, а во моментов е претседател на женскиот клуб Пелистер.
Дел од заслугите што овој меч се игра во Битола, одат на адреса и на Василев.