Прилеп задржа уште еден странец: Шабановиќ останува до 2027 година

Откако беше продолжена соработката со Владан Кастратовиќ, тимот на Прилеп, го продолжи договорот со уште еден интернационалец.

Десното крило Денис Шабановиќ стави потпис на нов договор на две сезони и ќе остане во Прилеп најмалку до 2027 година.

Шабановиќ ја игра втората сезона во Прилеп и се профилира како еден од најдобрите играчи во клубот.

Прилепчани се на чекор до опстанок во суперлигашкото друштво, откако се лидери на табелата во плеј-аутот со шест бода.