Прилеп одработи рутински против Струга, Ангелески и Ивчески собраа 20 одбрани!

Првопласираниот тим од суперлигашкиот плеј-аут, Прилеп, оствари рутинска победа над Струга, со убедливи десет гола разлика, 34-24 во натпревар од 8 коло.

Предводени од голманскиот двоец Иван Ангелески и Илчо Ивчески кои собраа 20 интервенции (13+7), домаќините по 5-5, си го „фатија редот“ и отидоа на 10-5.

До паузата веќе беше плус десет, 20-10, а вториот дел беше шанса за сите ракометари од двата тима да добијат минутажа и да заиграат.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Квастек со шест и Крстески со пет гола, а кај Струга се истакнаа Костоски со седум и Мечкароски со пет погодоци.