Прилеп го освои Куманово и мина прв низ целта!

Тимот на Прилеп славеше на гостувањето кај Куманово со 28-25 во натпреварот од 7 коло во суперлигашкиот плеј-аут.

Со овие бодови, избраниците на Наум Танески собраа вкупно 34 бодови и на три кола до крајот го потврдија првото место.

На мечот во Куманово домашните парираа, особено во првиот дел, но во второто полувреме прилепчани ја контролираа играта и не дозволија камбек.

На второто место е Еурофарм Пелистер 2 со 27 бодови, додека Пролет има 23, а Куманово остана на 17 на четвртата позиција.