Прилеп формира одлично трио на линијата – потпиша Петар Маркоски

Раководството на Прилеп го промовираше првото засилување за наредната сезона во која влегува со зголемени амбиции.

Станува збор за кружниот напаѓач Петар Маркоски, кој доаѓа во Прилеп, по настапите за матичниот клуб Струга и Еурофарм Пелистер 2, каде ја одработува втората сезона.

Маркоски ќе формира одлично трио на линијата од шест метри заедно со Томислав Квастек и Александар Тренчевски.

Активни договори имаат сите странци – Денис Шабановиќ, Владан Кастратовиќ, Томислав Квастек, а нови соработки потпишаа Димитар Димитриоски и Никола Шипинкоски.

Тренерот Наум Танески исто така ја продолжи соработката и ќе го води Прилеп во наредната сезона.