По завршувањето на финалниот натпревар меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, следуваше свеченото доделување на пехари на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.
Најкорисен играч на турнирот, односно МВП беше прогласен левиот бек на Охрид, Теимураз Орјонокидзе, кој имаше одлични партии на трите меча во Прилеп.
За најдобар голман на турнирот беше прогласен чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер 2, Мартин Јовановски.
Третата индивидуална наград, онаа за најдобар стрелец отиде во рацете на десното крило Гал Цирар од Охрид.
Трофејот на турнирот го освои екипата на Охрид, втора беше екипата на Еурофарм Пелистер 2, додека трет беше кавадаречки Тиквеш.
Наградата за животно дело на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ја доби прилепската легенда Гоце Бозароски, некогашниот играч на бековската позиција од 1973 до 1985 година, подоцна и тренер. Бозароски беше и селектор на кадетската репрезентација на Македонија
ПРИЛЕП 2024: Охрид преку Еурофарм Пелистер 2 до трофејот на „Миле Нешкоски“