Преспа Вардар со пресврт славеше над Шампион

Екипата на Преспа Вардар со победа го заврши првиот дел од натпреварувачката сезона 2023/24, откако на свој терен триумфираше над Шампион со 34:28.

Шампион во вториот дел од сезоната ќе игра во плеј-оф фазата и на денешниот дуел одигра со речиси половина сили.

Тимот од Ресен на пролет ќе игра во плеј-аутот и ќе се обиде да избори подобар пласман.

Гостите во текот на првиот дел константно беа во предност, на пауза заминаа со два гола разлика, 16:14, но во второто полувреме домаќините направија комплетен пресврт и се израдуваа на петтиот триумф.

Предводник во победничката екипа беше Бојан Поповски со девет погодоци, два помалку постигна Александар Темелко.

Во составот на Шампион се истакнаа Стефан Огненовски со осум погодоци и Филип Спирковски со седум реализации.