„Пред пет години на ТВ гледав како освојува титула во ЛШ, сега играм во клубот“

Средниот бек на Вардар Косуке Јасухира до „црвено-црните“ редови стигна преку француски Ним и полски Висла Плоцк каде имаше и настапи во Европската лига, односно во Лигата на шампионите, но просторот за игра кој го добиваше беше скромен.

Сезонава е вардарец и смета дека тоа е вистинската средина за него на патот кон остварување на целта. Пред да дојде во клубот тој информации собирал од ју-туб и она што го гледал на телевизија.

„Вардар е двократен освојувач на Лигата на шампионите, ја знаев историјата на клубот кога ја добив понудата. Од екипата знаев само за Стоилов. Паметам во 2019-та со татко ми го гледавме финалето во Келн на телевизија во Јапонија. Татко ми ми вели: Столе е број еден пикер. Столе е многу смешен и знае сè, има две титули во Лигата на шампионите. Пред пет години го гледав на ТВ, сега тој ми е тренер, соработувам и комуницирам со него. За мене тоа е исполнување на сон! Гледав видеа на ју-тубе од натпреварите на Вардар, од навивачите… Имав и други понуди, но во консултација со мојот менаџер Босер, кој добро ги познава околностите сметавме дека Вардар е добра средина за мене. Среќен сум тука.“

Во продолжение прочитајте го целосното интервју за 24Ракомет со Косуке Јасухира.

ИНТЕРВЈУ КОСУКЕ ЈАСУХИРА: Самурајот кој сонува да игра во ЛШ