По завршувањето на главната рунда, познати се четвртфиналните двојки на Европското првенство за кадети, кое се одржува во Белград.
Најголемо внимание привлекува дуелот меѓу домаќинот на претходниот шампионат, Данска, и Хрватска, додека Словенија ќе ги одмери силите со Франција.
Исланд, кој беше убедлив во главната рунда, ќе игра против Германија, а Шпанија ќе се соочи со Унгарија во последната битка за полуфинале.
Домаќинот Србија иако имаше две „меч-топки“, но загуби од Франција и од Словенија, па ќе мора да се задоволи само со разигрување за пласман од 9 до 16 место, каде што ќе игра и Македонија.
ЕП кадети, четвртфинале:
Исланд – Германија
Данска – Хрватска
Словенија – Франција
Шпанија – Унгарија

























