Херој на Французите вечерва беше левиот бел Елохим Пранди кој со својот прекрасен гол по истекот на регуларните шеесетина минути ја врати Франција од „бездната“. Вакви погодоци не се случуваат така често во ракометот, а посебно не во полуфинале на ЕП. Тоа му успеа на Пранди, кој по спектакуларниот погодок не го криеше задоволството од постигнатото.
Горд сум на тоа што постигнав погодок, и сфаќам што направив. Кога ќе ја земете топката и ќе тргнете да шутирате, мислам… Знаев што ќе правам, знаев дека ќе одам на страна, но од обид до погодок, па тоа е неверојатно. Шутнав кон голот, само се молев да влезе во гол, и успеав.
По постигнувањето на голот чуството беше неверојатно.
Сакав да останам фокусиран, не сакав да покажам премногу ентузијазам бидејќи се уште не беше крај. Беше многу важно да останеме фокусирани.-изјави Пранди.