Познато е кога Ѓорче Петров ќе биде крунисан за шампион

Ракометарките на Ѓорче Петров трета година по ред успеваат да ја одбранат шампионската титула во националниот шампионат.

Ѓорчепетровки сезонава го освоија и Куп трофејот, во Европскиот Куп стигнаа до четвртфинале, па така составот на Симе Симовски во целост ги исполни зацртаните цели.

Иако до крајот од Женската лига има уште две кола, тимот на Ѓорче Петров има недостижна разлика пред Металург Автокоманда и Чаир.

Ѓорче Петров во 25. коло на свој терен ќе игра против Астибо и на овој натпревар ќе биде крунисан за старо-нов шампион на Македонија.

Натпреварот е закажан за петок (24 мај) со почеток од 12:00 часот во спортската сала „Христо Батанџиев“, а влезот за сите љубители е слободен.