Европската ракометна федерација ги објави термините за натпреварите од второто коло во Европскиот Куп.
Македонија ќе има два претставника во ова натпреварување, второ и третопласираниот тим од минатата сезона – Чаир и Металург Автокоманда.
Чаир ќе игра со тимот од Луксембург, Керженг, а првата средба е на гостински терен на 5 октомври од 18:00 часот во Башараж.
Реваншот се игра на 13 октомври во спортската сала во Автокоманда со почеток во 19:00 часот.
Металург Автокоманда ќе игра двапати на гостински терен кај турскиот Гореле. Првиот меч е на 5 октомври од 16:00 часот, додека вториот ќе се игра на 7 октомври од 17:00 часот.
Победниците од овие двомечи ќе се пласираат во третата рунда од Европскиот Куп.