ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар со Стоилов ќе ги нападне пелистерци, шампионот без Кизиќ и Сери

Во центарот на вниманието на македонската, па и европската јавност, денеска ќе биде големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Двајцата тренери, Бранко Ангеловски и Владо Недановски, го одредија составот за денешната пресметка.

Во домашниот состав отсуствуваат двете последни засилувања, Дејан Манасков и Матеуш Пиеховски, додека во гостинскиот тим ќе се појави Стојанче Стоилов. Кај шампионот ќе отсуствуваат и голманот Марко Кизиќ, како и левиот бек Руди Сери.

Кај гостите ги нема десното крило Ален Ќосевски, левото крило Марио Стојановски, повредениот среден бек Косуке Јасухира, и најновото засилување Немања Гојковиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.

Еурофарм Пелистер: Гедбан, Лесјак, Кузманоски, Атанасијевиќ Петар, Костески, Радивојевиќ, Пешевски, Василев, Борзаш, Кузмановски, Атанасијевиќ Павле, Ѓорговски, Тајник, Танкоски, Цехте, Петровиќ

Вардар: Toмовски, Гогов, Срдановиќ, Родригез, Георгиевски, Ѓукиќ, Лазаревски, Стоилов, Аларов, Петриќ, Николиќ, Мело, Мишевски, Карапалевски, Јагуриновски, Бакар