Денеска во центарот на вниманието ќе биде реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа меѓу Вардар и францускиот Монпелје.
Македонскиот тим загуби со десет гола на гостувањето минатата недела во Монпелје, 33-23 и ќе му треба вистинско чудо да го елиминира францускиот тим на патот кон завршниот турнир во ЛЕ.
Тренерот Иван Чупиќ ќе смета на Дмитро Горига и Јака Малус за оваа пресметка, но се уште не е јасно дали ќе влегуваат во игра и ако да, колку време ќе можат да играат. Во споредба со претходниот меч, во ростерот го нема Марио Танкоски.
Францускиот состав ќе биде со истите ракометари од претходниот меч. Нема да играат повредените Турин, Пелас и Балагер.
Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот.
























