ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Танески направи две измени – еве ги ракометарите што ќе играат со Швајцарија

Кадетската репрезентација на Македонија денеска го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Ривал на избраниците на Наум Танески ќе биде селекцијата на Швајцарија, која во првото коло беше убедлива против Македонија.

Македонскиот селектор направи две измени во ростерот во споредба со првиот меч против Словачка.

На местото на голманот Ѓорѓи Николовски, во составот ќе биде Иван Младенов, додека шанса добива и Јаков Трајковски на местото на Александар Славков.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе се игра во Автокоманда, со почеток од 15:00 часот.