Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот на Македонија, вечерва ќе се борат за трофејот во Супер Купот.
Двајцата тренери, Бранко Ангеловски и Кире Лазаров, немаа големи проблеми околу составите на екипите.
Ангеловски ќе смета на плејмејкерот Домен Тајник, кој по малата повреда во Струга, ги пропушти турнирите во Болу и Добој, но сега е подготвен за игра.
Надвор од комбинација останаа голманот Василије Печурица, Павле Петровиќ, Алем Хаџиќ, Самоил Ристевски, како и одамна повредениот Ненад Костески.
Стратегот на „сино-белите“ од Автокоманда, Кире Лазаров, на овој дуел реши да ги изостави Костадин Петров, Благојче Трајкоски, Давид Саврески, Дамјан Митев и Михаил Иваноски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и тимот на Лазаров се игра во салата „26 април“ во Гевгелија од 19:00 часот.
Еурофарм Пелистер: Митревски, Ивиќ, Пешевски, Цикатиќ, Абутовиќ, Манасков, Кузманоски, Атанасијевиќ Петар, Радивојевиќ, Хосни, Цехте, Ѓорговски, Кузмановски, Борзаш, Атанасијевиќ Павле, Тајник
Алкалоид: Кизиќ, Галевски, Костески, Петковски, Бинго, Џонов, Карасманакис, Симоноски, Стојковиќ, Маркоски, Младеновиќ, Оливеира, Митев, Ѓорѓиев, Велковски, Серафимов