ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пелистерци без Гедбан, Василев и Атанасијевиќ, Кил сите ѕвезди!

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска го игра натпреварот од 12 коло во Лигата на шампионите.

Битолчани му гостуваат на бундеслигашот Кил, кој во „Боро Чурлевски“ славеше дури во финишот со 23-20.

Стратегот Бранко Ангеловски се реши на оваа средба да ги изостави голманот Калифа Гедбан, пикерот Денис Василев, левиот бек Руди Сери и левото крило Петар Атанасијевиќ. Кил ќе биде со најсилниот ростер на оваа средба.

Бундеслигашот се бори за првата позиција на табелата и ќе има притисок, додека пелистерци ќе имаат шанса да покажат дека одличното издание во Битола не беше случајно.

Натпреварот меѓу Кил и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Вундерино Арена“ со почеток во 18:45 часот.