ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со спој на младост и искуство, Азербејџан со 14 ракометарки

Женската репрезентација на Македонија денес го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Швајцарија, Унгарија и Австрија.

Како што е познато, прв ривал на Македонија во квалификациите е репрезентацијата на Азербејџан.

Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, за денешниот натпревар против Азербејџан ќе може да смета на 16 ракометарки, додека ривалот допатува со 14 ракометарки во составот.

Меѓу изборот на Грчевски се и искусните Моника Килдан Јанеска, Сара Ристовска, Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска…а од комбинација за овој дуел отпаднаа Мицевска, Дабевска, Маџовска, Гичевска, Миновска и Коцева.

Натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан ќе се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот. Влезот за сите љубители е слободен.

Освен со Азербејџан, ракометарките на Македонија ќе играат и против Литванија и Шпанија.