Zharko PESHEVSKI and Kiril LAZAROV (coach), France vs North Macedonia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Dusseldorf, Germany, 10.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров со една измена за дуелот со домаќините

Машката сениорска репрезентација на Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство 2024.

Втор ривал на избраниците на Кире Лазаров ќе биде репрезентацијата на Германија, која во првото коло славеше убедливо над Швајцарија со 27:14.

Селекторот Лазаров за денешниот дуел со домашната репрезентација го одреди составот и направи една измена.

Шанса против Германија ќе добие средниот бек Игор Ѓорѓиев, додека на трибините со Марко Кизиќ ќе биде Давид Савревски.

Состав на Македонија: Никола Митревски, Мартин Томовски, Едвид Омерагиќ, Мартин Велковски, Игор Ѓорѓиев, Марко Митев, Филип Талески, Петар Атанасијевиќ, Томислав Јагуриновски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Никола Костески, Милан Лазаревски, Иван Џонов. 

Натпреварот меѓу Македонија и Германија ќе се одигра во „Мерцедес Арена“ во Берлин со почеток од 20:30 часот.