ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Кадетите бркаат важна победа, еве кои ќе играат против Словачка

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го започнува настапот на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на ЕП.

Избраниците на Наум Танески ќе се соочат со Словачка, а победа на овој натпревар ќе значи и половина завршена работа на патот кон континенталниот собир.

Во составот на Танески се Дамјан Митев и Самоил Ристевски, кои веќе имаат едно големо натпреварување позади себе и треба да бидат лидери на оваа селекција.

Од комбинација за овој дуел отпаднаа крилото Каевски, пивотот Трајковски, како и бековите Лангоски, Ристовски и Илиевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Словачка се игра денеска во Автокоманда од 15:00 часот.