Машката младинска репрезентација денеска ќе го има првиот предизвик на Европското првенство во Романија.
Избраниците на Игор Илиевски ќе се соочат со селекцијата на Норвешка со почеток од 13:30 часот.
Селекторот Илиевски за овој натпревар ги остави надвор од комбинација пивотот Александар Симоновски и левиот бек Алдин Фехми, a Норвежаните ќе имаат 15 ракометари на располагање.
На вториот натпревар од нашата група ќе играат Данска и Хрватска.
























