Женската репрезентација на Македонија вечерва го игра вториот натпревар од групната фаза на Европското првенство.
Ривал на избраничките на Кристијан Грчевски ќе биде дебитантот Турција, а селекторот го одреди составот.
Тој направи една измена во составот и на местото на Бојана Диневска ја уфрли Ана Марија Коларовска. Надвор од комбинација останаа Теодора Дукоска и Нена Нестороска.
Наптреварот меѓу Македонија и Турција се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.
Состав на Македонија: Чурлиновска, Петковска, Мицевска, Саздовска, Ристовска, Џатевска, Дамјаноска, Ѓорѓиевска, Младеновска, Кипријановска, Седлоска, Маџовска, Арсениевска, Коларовска, Стефаноска, Јанкуловска