ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Деби за Манасков, ПСЖ со сите ѕвезди

По двомесечната пауза во Лигата на шампионите, денеска продолжуваат натпреварите во најквалитетното европско натпреварување. Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во рамки од 11. коло ќе биде домаќин на силниот ПСЖ.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски, за дуелот со „светците“ ќе смета на 16 ракометари.

Од комбинација за настап против тимот од Франција отпаднаа голманот Марко Кизиќ, како и левиот бек Руди Сери, новиот пивот Матеуш Пиеховски и левото крило Цветан Кузманоски.

Стратегот на ПСЖ, Раул Гонзалес, не може да смета на повредениот Доминик Мате, а го нема ниту десното крило Давид Балагер. Но во принцип сите главни ракометари и ѕвезди на тимот ќе играат вечерва во Битола.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.