Натпреварите од групната фаза од Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се одиграат следниот викенд, а ждрепката за групите ќе се одржи в понеделник.
Сите 15 екипи што играат во Женската лига, ќе играат во оваа фаза, а пред ждрепката ќе бидат поделени во четири групи, од кои три ќе бидат со четири екипи, а четвртата група ќе биде со три екипи.
Ранкингот по шешири пред ждрепката е направен согласно пласманот на екипите во Женската лига минатата сезона.
Натпреварите од групната фаза ќе се играат на 9/10 ноември, а победниците од групите ќе се пласираат на завршниот турнир што ќе биде на програмата од 16 до 18 мај 2025 година.
Актуелен освојувач на трофејот во Купот на Македонија е Ѓорче Петров.
Куп на Македонија, жени, групна фаза:
шешир 1: Ѓорче Петров, Чаир, Металург Автокоманда, Вардар
шешир 2: Куманово, Стружанка, Пелистер, Скопје
шешир 3: Деспина, Спартак, Овче Поле СУ, Астибо
шешир 4: Шампион, Гевгелија, Ѓорче Петров 2