Познати шеширите – Македонија утре ги дознава ривалите на ЕМОФ 2025

Во периодот од 20 до 26 јули 2025 година, Скопје ќе биде домаќин на Европскиот Младински Олимписки Фестивал, кој ќе обедини многу спортисти од цела Европа.

Тие ќе се натпреваруваат во различни спортови, а ракометот ќе биде еден од оние спортови во кои Македонија ќе се надева на добар резултат.

На Европскиот Младински Олимписки Фестивал ќе можат да се натпреваруваат ракометари и ракометарки до 17 години.

Во машка и женска конкуренција ќе учествуваат осум репрезентации, и во двете категории Македонија пријави учество.

Репрезентациите ќе бидат поделени во две групи со по четири учесници. Од екс ју просторите, освен Македонија, ќе учествува уште Хрватска.

Ждрепката ќе биде извршена во текот на утрешниот ден.

Мажи, шешири:

Шешир 1: Германија, Шпанија
Шешир 2: Португалија, Македонија
Шешир 3: Унгарија, Исланд
Шешир 4: Хрватска, Норвешка

Жени, шешири:

Шешир 1: Шведска, Германија
Шешир 2: Унгарија, Македонија
Шешир 3: Франција, Норвешка
Шешир 4: Исланд, Холандија

Најпрво ќе се влечат селекциите од четвртиот шешир, па оние од третиот, првиот, пред Македонија да ги избере своите групи во двете конкуренции. Селектори за оваа генерација ракометари и ракометарки допрва треба да бидат назначени од Ракометната федерација на Македонија.