Познати се сите четвртфиналисти во ЛШ, Рапид на Ристовска во Подгорица ќе се бори за осминафинале!

Денеска беше комплетирано претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите кај дамите. По комплетирањето на колото, познати се сите екипи кои обезбедија директно место во четвртфиналето.

Од групата А тоа се екипите на Мец и Ференцварош, додека од групата Б директен пласман во четвртфиналето обезбедија Ѓер и Есбјерг.

Како што е познато, екипите кои ќе завршат од 3 до 6 место, ќе играат осминафинале, додека оние кои ќе завршат на последните две места ја завршуваат европската авантура.

ЧСМ Букурешт, Подравка, Крим и Сторхамар ќе играат во осминафиналето од групата А. Од групата Б сигурни патници се Оденсе, Брест и Лудвигсбург, а екипите на Будуќност и Рапид Букурешт ќе имаат меѓусебен дуел за последното место кое што води во осминафиналето.

Лига на шампиони, 13 коло, резултати:

група А
Глорија Бистрица – Мец 28-34
Подравка – Ференцварош 29-30
Никобинг – Крим 30-30
Сторхамар – ЧСМ Букурешт 21-32

група Б
Брест Бретањ – Будуќност 23-23
Оденсе – Есбјерг 20-31
Ѓер – Лудвигсбург 32-19
Рапид Букурешт слоб.

Освен во ЛШ, возбудливо беше и во Лигата на Европа, таму на едно коло пред крајот од групната фаза познати се неколку патници во четвртфиналето. Тоа се Валчеа, Икаст, Бломберг и Дунареа Браила.

Лига на Европа, 5 коло, резултати:

група А
Елче – Дунареа Браила 29-32
Ларвик – Турингер 38-25

група Б
Сола – Икаст 26-32
Валчеа – Борусија Дортмунд 32-27

група Ц
Дижон – Бломберг 27-28
Мошонмаѓаровар – Заглебје Лубин 33-25

група Д
Бенсхајм – Фредрикштад 32-30
Париз – Бера Бера 27-33