Познати полуфиналните двојки во германскиот Куп – еве кој против кого за трофеј во Келн

Денеска со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки на завршниот турнир во Купот на Германија.

Тимот на Мелсунген предводен од Роберто Гарсија Парондо за ривал го доби Фленбург, додека Магдебург ќе се соочи со Фуксе Берлин.

Мелсунген досега нема трофеј во Купот, Фуксе Берлин има еден, Магдебург два, додека Фленсбург е со четири трофеи, но последниот во 2015 година.

Завршниот турнир во германскиот Куп ќе се одржи на 13 и 14 април во „Ланксес Арена“ во Келн.