Познати групите во ЛЕ: Седлоска и Локомотива добија тешки ривали

Во седиштето на Европската ракометна федерација беше одржана ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа во женска конкуренција.

Единствен македонски претставик ќе биде Андреа Седлоска и нејзиниот тим Локомотива Загреб, кој се најде во групата Б.

Седлоска и Локомотива Загреб ќе играат против германскиот Турингер, францускиот Шамбре Турен и романската Дунареа Браила.

Во групната фаза ќе бидат одиграни шест рунди, од 6/7 јануари до 17/18 февруари, а двете најдобри од секоја група продолжуваат во четвртфиналето што е на програмата во март.

Победниците од четвртфиналните средби ќе играат на Ф4 во мај.