Познати групите и распоредот на мемориjaлниот турнир “Крсте Андоновски”

На четвртото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи од 19 до 23 август, потврдено е учеството на осум екипи.

Покрај домаќинот Охрид, претставници од Македонија ќе бидат двата најдобри клуба – Еурофарм Пелистер и Вардар.

Од странските екипи, како и лани доаѓаат српските екипи Партизан и Динамо Панчево, но и хрватскиот Нексе Нашице.

Во групата А се наjдоа Охрид, Партизан, Нексе и тимот од Фарски Острови – Киндил, додека во групата Б се Вардар, Еурофарм Пелистер, АЕК Атина и Динамо Панчево.

Големото финале е на програмата на 23 август од 20:00 часот.