Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за Ф4-турнирот во Лигата на шампионите во Будимпешта.
Во првото полуфинале ќе се сретнат актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓер, и данскиот Есбјерг.
Во второто полуфинале ќе играат Мец и Оденсе, па можно е за трофејот да се борат двете екипи од Данска.
Ланската сезона во финалето играа Ѓер и Битигхајм,додека Есбјерг славеше против Мец во борбата за третото место.
Завршницата на Лигата на шампионите кај дамите ќе се одржи од 31 мај до 1 јуни.