Денеска во просториите на Ракометната федерација беше извршена ждрепката за елиминациското коло во Купот на Македонија.
Ќе играат вкупно 26 екипи, девет суперлигаши и 17 прволигаши во оваа фаза, па ќе има најмалку четири екипи од Првата лига што ќе изборат место во групите.
Најинтересно би требало да биде на неколку од натпреварите каде што играат прволигашите меѓусебе, а на останатите суперлигашките екипи ќе бидат фаворити.
Вардар, Еурофарм Пелистер, како и актуелниот освојувач на трофејот – тимот од Автокоманда, ќе го скокнат ова коло и ќе играат директно во групната фаза.
Натпреварите од елиминациите се на програмата следниот викенд, по што 13 екипи ќе им се придружат на веќе пласираните три во групната фаза што ќе се игра на 26/27 април.
Завршниот турнир ќе се одржи од 15 до 18 мај.
Куп на Македонија, елиминации:
Аеродром – Македонија Ѓорче Петров
Мулти Есенс – Преспа Вардар
Текстилец – Прилеп
Бутел Скопје – Металург РА
Радовиш – Скопје
Кичево – Пролет
Овче Поле – Борец ФЛ
Охрид – Шампион
Тиквеш – Јехона
Куманово – Астраион
Младост Богданци – Струга
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија
Еурофарм Пелистер 2 – Драчево