Познати арбитрите за Македонија: Полјаци во Баку, Грци во Скопје

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2024.

Натпреварот меѓу Азербејџан и Македонија што ќе се одигра на 3 април од 15:00 часот во Баку ќе го судат Фабрични и Равицки од Полска, додека делегат е Беќири од Косово.

Последниот дуел во Скопје меѓу Македонија и Литванија што ќе се игра на 7 април во СЦ „Борис Трајковски“ им е доверен на Грците Харицос и Наскос, а делегат ќе биде Сивиркаја од Турција.

Женската селекција на Македонија е практично пласирана на ЕП, но за потврда ќе треба да победи во Баку.