Познати арбитрите за европскиот двомеч на шампионот Ѓорче Петров

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од осминафиналето од Европскиот Куп.

Македонскиот шампион за ривал во ТОП 16 го има чешкиот тим Хазена Кинжварт, а посакувањата се да се отиде чекор напред од минатата сезона.

Првата средба меѓу Ѓорче Петров и Кинжварт ќе се одигра во Автокоманда на 13 јануари од 18:00 часот.

Судии на оваа средба ќе бидат браќа Емил и Ернест Агакиши од Азербејџан, додека делегат е Романката Ана Марија Стоја.

Реваншот е закажан на 20 јануари од 18:00 часот во градот Чеб, судии ќе бидат Украинците Руслан Лошак и Анатолиј Новиков, а делегат Викторија Алпаидзе од Летонија.