Познат „возниот ред“ за кадетите – на Бадник и Божиќ по пласман на ЕП

Машката кадетска репрезентација на Македонија во јануари ќе биде дел од квалификацискиот турнир (5-7 јануари) за пласман на Европското првенство во Црна Гора.

Избраниците на Наум Танески на домашен терен во салата „Автокоманда“ ќе се борат за еден од двата билети што носат место на ЕП против селекциите на Словачка, Швајцарија и Косово.

На првиот ден на 5 јануари, нашите кадети ќе играат од 15:00 часот против Словачка, додека следните два дена на Бадник и Божиќ, во истите термини од 15:00 часот ќе се играат дуелите со Швајцарија и Косово.

Европското првенство во Црна Гора ќе се игра од 7 до 18 август следното лето, а пласман веќе имаат обезбедно домаќинот и уште 13 други селекции, а ќе се одиграат пет квалификациски групи по кои ќе бидат познати и последните 10 селекции.