Познат тренер жртва на интернет измама – измамниците продавале лажни автограми на фановите!

Некогашниот ракометар, а сега тренер и исландска легенда – Гудјон Валур Сигурдсон беше жртва на сајбер измама.

Тренерот на бундеслигашот Гумерсбах се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако измамници креирале лажни профили на социјалните мрежи на кои во негово име продавале лажни автограми.

Во понудата до фановите се продавале и средба со Сигурдсон, а бројот на измамените фанови кои платиле за нешто што никогаш не го добиле не бил мал.

Сигурдсон и раководството на Гумерсбах се надеваат на помош од германските власти за да биде ставен крај на оваа измама, но засега нема конкретна акција.