Познат терминот за големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар

Почетокот на вториот дел од суперлигашката конкуренција ќе започне со најголемото дерби на македонскиот ракомет.

На стартот од плеј-оф фазата, односно во првото коло во разигрувањето за титулата ќе се судрат актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и Вардар.

Првиот дуел во плеј-офот меѓу овие две екипи ќе се одигра на 10 февруари со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Двете екипи на двапати се судрија во регуларниот дел од сезоната, на првиот дуел славеше Вардар со 30:25, додека на вториот натпревар беа подобри битолчани со 29:25.

Вардар во плеј-оф фазата пренесе максимален број бодови, три, а актуелниот бранител на титулата ќе стартува со два бода.