Erik WUDTKE (assistant coach) and Alfred GISLASON (coach), France vs Germany, Men's EHF EURO 2024 Germany, Berlin, Germany, 16.01.2024, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Познат составот на Германија за олимписките квалификации

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Германија, Алфред Гисласон, го објави конечниот состав за олимписките квалификации.

Главната цел на Гисласон и неговите избраници ќе биде да завршат на едно од првите две места во квалификациската група.

Ривали на Германија во квалификациите се репрезентациите на Алжир, Хрватска и Австрија, која беше едно од изненадувањата на континенталниот собир во јануари.

Германија ќе има голема поддршка на квалификациските натпревари, бидејќи домаќин на втората квалификациска група ќе биде германскиот град Хановер.

Избраниците на Гисласон првото соочување ќе го имаат со Алжир, потоа следуваат дуелите со Хрватска и Австрија.