Селекторот на машката репрезентација на Аргентина, Гиљермо Милано, го објави списокот од 17 ракометари што ќе патуваат за Париз.
Меѓу нив има само еден ракометар што игра во домашното првенство – левото крило Федерико Фернандез од Сан Фернандо.
Сите останати се интернационалци, а најмногу од нив играат во Шпанија – вкупно 12. По еден има во Романија и во Португалија, а двајца во Франција.
Тука се искусните браќа Диего и Пабло Симоне, голманот Лео Масиел, потоа Пизаро, пикерот Москариело…
Аргентина е во група со Данска, Норвешка, Унгарија, Египет и домаќинот Франција, па нема многу големи шанси за место во четвртфиналето.