Претседателот и сопственик на Горник Забже, Богдан Кмиециќ, најави по завршувањето на тековната сезона се повлекува од спонзорирањето на клубот.
Ова претставува голем удар за моментално седмопласираниот тим во полскиот шампионат, бидејќи клубот во последните години редовно беше меѓу најдобрите домашни екипи.
На европска сцена, клубот учествуваше во пониските натпреварувања и во сезоната 2023/24 оствари добар успех, стигнувајќи до главната фаза во Лигата на Европа.
„Верував дека тоа е вистинската работа, бидејќи ако сакаш, даваш се од себе. Не го направив тоа за профит или слава, туку затоа што чувствував одговорност. Верував дека спортот, кој е толку нераскинливо поврзан со градот, треба да има своето место во Забже, а неговите жители заслужуваат тим за кој можат да навиваат и да се гордеат“, изјави Кмиециќ.
Ова е уште еден клуб во низата кој се соочува со огромни финансиски проблеми по повлекувањето на спонзорството на Група Азоти. Тарнов престана да постои, а Азоти Пулави изгуби многу добри играчи. Од екипа која секогаш беше на врвот, сега се бори во долниот дел од табелата.