Познат е „возниот ред“ – пелистерци тргнуваат дома со Ла Риоха

Еурофарм Пелистер ќе игра против германскиот Гумерсбах, шпанската Ла Риоха и полскиот Вибжеже Гдањск во групната фаза од Лигата на Европа.

Групата на прв поглед изгледа незгодина, но битолчани кои почнуваат нова ера со Лино Червар на клупата имаат свои шанси за прогрес во елиминациите.

Македонскиот состав ќе ја започне сезоната на домашен терен против Ла Риоха, можеби директниот конкурент за место во елиминациите, ако го прогласиме Гумерсбах за фаворит за првото место.

Првото гостување битолчани ќе го имаат во Полска, а против овој ривал ќе ја завршат групната фаза.

1 коло, 29/30 септември, Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
2 коло, 6 октомври, Вибеже Гдањск – Еурофарм Пелистер
3 коло, 13 октомври, Гумерсбах – Еурофарм Пелистер
4 коло, 16 ноември, Еурофарм Пелистер – Гумерсбах
5 коло, 24 ноември, Ла Риоха – Еурфарм Пелистер
6 коло, 1 декември, Еурофарм Пелистер – Вибжеже Гдањск

Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите – доби тешка група во Лигата на Европа!