Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите за СП 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
Избраниците на Кире Лазаров ќе играат во групата Д што ќе се игра во Вараждин, а ривали на црвено-жолтите“ се репрезентациите на Холандија, Гвинеја и Унгарија.
Македонија настапот на Мундијалот ќе го започне против Унгарија на 15 јануари, потоа на 17 јануари ќе игра со „лалињата“, а последениот меч од групната фаза ќе го има на 19 јануари против дебитантот Гвинеја.
Саатниците на натпреварите треба да бидат утврдени од ИХФ. Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза на Мундијалот, додека репрезентацијата која што ќе заврши на 4. позиција ќе игра во Президент Купот.
Мундијалот 2025 ќе се игра во пет градови – Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин од 14 јануари до 2 февруари.
Македонија имаше среќа во ждрепката за СП – ќе игра во Вараждин!