Новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 активно работи на составот со кој ќе се натпреварува претстојната сезона во елитната конкуренција.
По левите бекови Антонела Ѓероска, Миа Маринчов и Бојана Георгиевска, средните бекови Jана Петровска, Михаела Димитриевска и Ева Ѓорѓиевска, пивотите Мирјана Наумоска и Симона Блажеска, десниот бек Тара Аврамоска, десните крила Бојана Паловска и Сара Ристовска, левото крило Теодора Спасоевска, голманките Софи Гошевска и Сара Илиоска, уште една ракометарка стави потпис на нов договор.
Станува збор за кадетската репрезентативка Марија Димоска, која и наредната сезона ќе биде дел од тимот предводен од легендарната Милева Велкова.
Димоска беше дел од националниот тим кој под водство на Даниела Новеска го освои второто место на последното СП во училишен ракомет.
Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________


























