Последни проверки пред ЕП: Се игра во Скопје, Пореч, Гранољерс, Фленсбург…

Од денеска па во следните четири дена ќе се одиграат голем број на пријателски натпревари како дел од подготовките за Европското првенство, како и за останатите континентални шампионати.

Машката македонска репрезентација, денеска и утре ќе игра против Грција во Скопје, додека во Франција и во Данска се играат турнири од Златна лига.

Во Франција покрај домаќинот, ќе играат Тунис, Бразил и Бахреин, додека во Данска покрај домаќинот се уште Норвешка, Египет и Холандија.

Во шпанскиот град Гранољерс, денеска почнува турнир во организација на шпанската федерација, каде покрај домаќинот ќе учевствуваат Словачка, Полска и Србија.

Денеска започнува и „Кроација Куп“ во Пореч со учество на домаќинот Хрватска, Црна Гора и Словенија, додека во Фленсбург, домаќинот на ЕП – Германија, ќе ја има првата контрола од двете планирани со Португалија.

Во швајцарскиот град Винтертур покрај домаќинот, ќе играат селекциите на Романија, Босна и Херцеговина и Аргентина, па овие неколку дена ќе бидат вистинско уживање за ракометните вљубеници.

Пријателски натпревари, распоред:

16:00 ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
17:00 ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА
17:30 БРАЗИЛ – БАХРЕИН
17:45 ХОЛАНДИЈА – ЕГИПЕТ

18:00 ШПАНИЈА – ПОЛСКА
18:00 ШВАЈЦАРИЈА – РОМАНИЈА
18:00 ЕГИПЕТ – ХОЛАНДИЈА
20:00 ФРАНЦИЈА – ТУНИС
20:15 ДАНСКА – НОРВЕШКА
20:15 СЛОВАЧКА – СРБИЈА
20:30 АРГЕНТИНА – БИХ